Институтот за бизнис економија (ИБЕ) и Факултетот за бизнис економија (ФБЕ) се ко-организатори на Првата меѓународна студентска конференција “Можности и предизвици на студентската мобилност“, која ќе се одржи на 10-ти октомври, 2019-та година во Софија, Бугарија.
Организатор на конференцијата е Меѓународната бизнис школа од Ботевград, Бугарија, во академско партнерство со ФБЕ, ИБЕ, Универзитетот „1-ви Декември, 1918“ од Алба Јулија, Романија, и Шиауали Универзитетот од Литванија.
Главната цел на конференцијата е да им се даде можност на студентите да ги споделат и да дискутираат за заедничките проблеми и искуства во реализација на програмата Еразмус +. Во таа насока, студентите се поканети да ги презентираат своите ставови и искуства во однос на европските вредности, придобивките од образовната мобилност, како и севкупното влијание на резултатите од студентската мобилност и важноста на програмата “Еразмус +”. Во рамките на овој настан, студентите се добредојдени да го споделат сопственото искуство, како и да разговараат за идните можности на програмата.
Теми на конференцијата се:
- Секција 1. Што значи да се биде Еразмус+ студент?
- Секција 2. Влијанието на студентските мобилности
- Секција 3. Иднината на Еразмус+ програмата
Целосниот повик може да го прочитате на следниот линк.