Практикантска работа во НЛБ Банка АД Скопје

НЛБ Банка нуди можност за остварување на практикантска  работа во рамки на организационите единици Банката, за сите динамични и мотивирани студенти кои се заинтересирани за запознавање на банкарското работење.

Се што треба да направите е да ја пополните апликацијата за пракса, која е поставена на нашата web страна (www.nlb.mk), или да доставите Ваша кратка биографија на mail> NLBKariera@nlb.mk , доколку ги исполнувате следните услови:

  • да сте студент на додипломски или последипломски студии на Економски, Правен или Факултет за информатичка технологија;
  • да имате солидно познавање на англискиот јазик;
  • да имате познавање на MS Office пакетот;
  • да имате позитивен пристап и мотивираност;
  • да имате подготвеност за работа и тимски дух.

Реализација на работната пракса е во траење од 1 (еден) месец, со можност за продолжување до 3 (три) месеци.

Експозитурите надвор од Скопје во кои може да се извршува практикантската работа се: Битола, Тетово, Гостивар, Охрид, Струга, Гостивар, Куманово, Струмица, Штип, Велес, Крива Паланка, Валандово, Гевгелија, Радовиш, Кавадарци, Кичево, Кочани, Неготино, Прилеп, Ресен, Пробиштип, Свети Николе и Виница.

Праксата ќе се организира согласно динамиката на барањата на Банката за практиканти и селекција на кандидатите кои се пријавиле за пракса.