Учество на Еразмус+ контакт семинар во Тирана

72789044_10157506172860218_4642419790785282048_o

Еразмус+ координаторот на Институтот за бизнис економија, м-р Александра Кираца и професорот на Факултетот за бизнис економија, д-р Аземина Машовиќ земаа учество на „Еразмус+ контакт семинарот со земјите од Западен Балкан“, организиран од страна на Европската комисија, кој се одржа од 24-25 октомври 2019 година во Тирана, Албанија.

73309393_10157506173135218_7986500878142013440_o

На семинарот присуствуваа повеќе од 200 учесници од земјите на Европска унија и Западен Балкан. Целта на семинарот беше вмрежување на високо-образование институции од програмски и партнерски земји кои се дел од Еразмус+ програмата.

Искуствата од семинарот се многу позитивни и отворија можност за воспоставување на значајни контакти со универзитети од различни делови на Европа што од друга страна претставува голема придобивка за студентите на Институтот за бизнис економија и Факултетот за бизнис економија во реализирањето на идните студентски мобилности и студентска пракса.

IMG_20191028_150751_869