Обука за „Промоција на женското претприемништво“

53

Ве покануваме да земете учество во обуката на тема „Промоција и Поттикнување на Женско Претприемништво” која ќе се спроведе на 23 декември 2019 год. со почеток во 10.00 часот, во просториите на Фондацијата Ново образование за бизнис во Скопје.

Обуката е со цел да се промовира претприемништвото кај жените како популација која со својот голем потенцијал може многу да придонесе за забрзано остварување на стратешките економски цели како на централно така и на локално ниво во државата. Во текот на истата на присутните ќе им се претстават основните идеи и начини како да се започне сопствен бизнис и како притоа да се аплицира за соодветната финансиска помош.
Обуката ќе преставува начин за поттикнување на претприемачкиот дух кај жените и дополнителна мотивација за тоа како треба тие да делуваат во бизнис секторот и како да се создадат нови и посигурни работни места.
Сите учесници на обуката ќе добијат соодветни сертификати за учество.

Обуката „Промоција и Поттикнување на Женско Претприемништво” е дел од проектот за Женско Претприемништво финансиски поддржан од општината Гази Баба, а ќе биде спроведена од страна на експерти на Фондацијата Ново Образование за Бизнис кои истовремено се професори на Факултетот за бизнис економија и Инстутот за бизнис економија.

Учеството на обуката е бесплатно.
Рокот на пријавување е до 20 Декември 2019 (Петок) на следната e-mejl адреса: jasemin.ademi@fbe.edu.mk