Втора Интернационална недела и конференција

413

Институт за бизнис економија и Факултет за бизнис економија ја организираат Втората Еразмус + меѓународна недела во Скопје, Р. Македонија од 4 до 8 мај 2020 година.

Целта е да се промовира меѓународната соработка и да се создаде основа за понатамошно воспоставување на партнерства помеѓу институциите учеснички кои доаѓаат од различни земји. Од друга страна, ќе им овозможи на студентите да стекнат знаења од меѓународно признати професори.

Како дел од Меѓународната недела ќе биде организирана втората „Меѓународна конференција за одржлив развој во бизнисот и економијата“ на 7 мај, 2020 година.

Целосниот повик може да го погледнете на следниот линк.