Конкурс за Еразмус+ мобилност за кадар

Согласно Erasmus + Повелбата за Високо Образование (Erasmus Charter for Higher Education) за периодот 2014-2020 година и склучените меѓуинституционални Еразмус договори, Институтот за бизнис економија објавува Kонкурс за мобилност на наставен и ненаставен (административен) кадарво рамките на Еразмус + програмата, во летниот семестар во академската 2019/2020 година.

Мобилноста се остварува во рамките на високообразовни установи со кои ИБЕ има склучено институционални договори(листа на Еразмус + договори на следниот линк http://ibi.edu.mk/?page_id=739).

Услови за избор:

  1. кандидатот да има статус на вработен на ИБЕ и
  2. бројот на претходни учества на Еразмус+ мобилности.

Заинтересираните кандидати потребно е да ја достават следната документација:

  1. покана од институција – домаќин за мобилност во рамките на Еразмус+ програмата (Invitation letter);
  2. кратка биографија;
  3. потврда за редовен работен однос и претходни учества на Еразмус + мобилност и
  4. договор за мобилност на кадар пополнет од страна на кандидатот, вклучително со Предложената програма за работа, односно план за мобилност кој е составен дел од Договорот за мобилност.

Заинтересираните кандидати може да се обратат за информации кај Еразмус + координаторот, м-р Александра Кираца, до кого се доставуваат документите за аплицирање.

Рокот за аплицирање за мобилност на наставен и ненаставен (административен) кадар во рамките на Еразмус + програмата, во летниот семестар во академската 2019/2020 година е од 10.02.2020 година до 21.02.2020 година.