Насоки за итно постапување

Почитувани студенти,

Во врска со известувањето кое го добивме од Министерството за образование и наука поврзано со КОРОНА Вирусот, Ве информираме дека доколку во последниве две недели сте патувале или живеете со некој кој патувал во подолу наведените  земји/региони, потребно е следните две недели да не доаѓате на настава.

Секако, за да ви биде оправдано отсуството, потребно е да доставите доказ и известување до Институтот за бизнис економија.

Известувањето важи за следните региони: Ломбардија, Венето, Емилија Ромања, Пиемонт во Италија, како и Кина, Хонг Конг, Иран, Јапонија, Маку, Филипини, Република Кореа, Сингапур, Тајван.

Напомена: Доколку некој од вас како студенти патувале или живее со некој кој патувал во наведените региони, потребно е ВЕДНАШ да не известите.

Повеќе детали на следниот линк.