Одложување на Меѓународната недела и Конференција

Почитувани, со оглед на новонастанатата ситуација со COVID-19, донесена е одлука за одложување на терминот за одржување на Втората меѓународна недела и Меѓународна конференција во рамките на Еразмус + програмата

Се одложува терминот на одржување на Втората меѓународна недела во рамките на Еразмус + програмата кој беше закажан за периодот од 04.05.2020 година до 08.05.2020 година, како и терминот за Меѓународната конференција од 07.05.2020 на 03.09.2020 година.

Новиот термин за одржување на Втората меѓународна недела е закажан за период од 31.08.2020 година до 04.09.2020 година.