ИБЕ и ФБЕ коорганизатори на виртуелна меѓународна конференција!

PRVA VIRTUELNA MEĐUNARODNA KONFERENCIJA 4

 

Институтот за бизнис економија и Факултетот за бизнис економија се коорганизатори на првата виртуелна меѓународна конференција „ЕКОНОМСКИТЕ ПРЕДИЗВИЦИ НА ЗЕМЈИТЕ ОД ЈИЕ ПОСЛЕ ПАНДЕМИЈАТА НА КОРОНА ВИРУСОТ“ која ќе се одржи на 27.04.2020 год. (Понеделник) во 12 часот.

Организатор на конференцијата е Факултетот за менаџмент одХерцег Нови, додека останатите коорганизатори се ПИМ Универзитетот од Бања Лука и Факултетот за проектен менаџмент од Белград. Конференцијата ќе биде спроведена онлајн со користење на апликација за видео конференција.

Панелистите од четирите универзитети од четири држави ќе имаат можност преку излагање и дискусија да ги изнесат сопствените ставови за клучните теми на конференцијата.

Темите за кои ќе се дискутира на конференцијата се:

  1. Дали реакцијата на централната и локалната власт на државите на ЈИЕ била навремена со конкретни економски мерки за поддршка на економијата?
  2. Дали преземените мерки би биле доволни за закрепнување на државите на ЈИЕ?
  3. До кој степен наведената пандемија се очекува да влијае на економиите на ЈИЕ во целина?
  4. Предлог оперативни мерки за поддршка за излез од кризата и мерки за економско закрепнување?

Целта на конференцијата е професорите и научните соработници од универзитетите, институтите и истражувачките центри од различни држави јавно да дискутираат за темите на конференцијата, поттикнувајќи притоа нови можности за справување со економските последици настанати како резултат на појавата на вирусот Ковид 19. Заклучоците од конференцијата ќе бидат објавени во медиумите на државите на учесниците по завршувањето на конференцијата.

Учесници на конференцијата се:

  • доц. д-р Ирена Петрушиќ, декан на Факултетот за менаџмент Херцег Нови
  • доц. д-р Никша Гргуревиќ, продекан за настава на Факултетот за менаџмент Херцег Нови
  • проф. д-р Василије Костиќ, раководител на постдипломски студии на Факултетот за менаџмент Херцег Нови
  • проф. д-р Драган Ѓурановиќ, ректор на ПИМ Универзитет Бања Лука
  • проф. д-р Илија Џомбиќ, директор на ПИМ Универзитет Бања Лука
  • доц. д-р Бојана Остојиќ, професор на факултетот за проектен менаџмент Белград
  • доц. д-р Милутин Печиќ, професор на факултетот за проектен менаџмент Белград
  • доц. д-р Аземина Машовиќ, професор на Факултетот за бизнис економија Скопје
  • доц. д-р Адријана Булевска Зариќ, професор на Институтот за бизнис економија Скопје
  • м-р Сања Перуничиќ, модератор на конференцијата – Факултет за менаџмент Херцег Нови
Follow by Email
Facebook
Instagram