Институтот за бизнис економија Скопје, електронски го публикуваше учебникот “Однесување на потрошувачите и маркетинг аспекти” од авторот проф. д-р Слаѓана Стојановска.
Овој учебник е наменет, пред се, за студентите бидејќи ги објаснува и развива теоретските концепти на однесувањето на потрошувачите, во кои се вклучени и маркетинг практиките кои го стимулираат нивното однесување.

Од друга страна, професорите и менаџерите, како и поширокиот аудиториум , во овој учебник може да најдат личен и професионален интерес и да осознаат повеќе за однесувањето на потрошувачите како еден од детерминирачките фактори за успешно маркетинг работење.
Искрени честитки до авторот на учебникот, а сите останати се надеваме дека со големо задоволство ќе ги осознаваат содржините на истиот.
Институт за бизнис економија