Реализирана Еразмус+ мобилност на наставниот и административниот кадар на ИБЕ на Универзитетот Едуконс од Нови Сад, Србија

Во текот на Мај, 2021, дел од наставниот и административниот кадар на Институтот за бизнис економија, д-р Аземина Машовиќ и м-р Александра Кираца реализираа Еразмус+ мобилност на Факултетот за бизнис економија при Универзитетот Едуконс од Нови Сад, Србија. 

Доц. д-р Аземина Машовиќ одржа гостински предавања на тамошните студенти и оствари повеќе средби со колегите за размена на искуства во однос на развојот на кариерните центри при високообразовните институции. М-р Александра Кираца, пак, размени искуства во доменот на мобилноста на студенти во рамките на Еразмус+ програмата, искуства за кредит трансфер системот и останати прашања кои се однесуваат на унапредување и зацврстување на меѓусебната соработка. 

Искуствата од престојот се многу позитивни и отворија можност за понатамошна соработка меѓу  двете институции, во однос на мобилност на студентите и наставниот кадар, соработка на научно-истражувачки проекти и меѓународната соработка. 

Follow by Email
Facebook
Instagram