Реализирана Еразмус+ мобилност на наставниот и административниот кадар на ИБЕ на Факултетот за применет менаџмент, економија и финансии од Белград, Србија

Во периодот 07-11 јуни, 2021 дел од наставниот и административниот кадар на Институтот за бизнис економија, д-р Аземина Машовиќ и м-р Александра Кираца реализираа Еразмус+ мобилност на Факултетот за применет менаџмент, економија и финансии во Белград при Универзитетот бизнис академија од Нови Сад, Србија. 

Во текот на престојот, доц. д-р Аземина Машовиќ одржа гостински предавања на студентите од постдипломски студии во областа на меѓународниот бизнис и оствари повеќе средби со колегите од Србија во однос на унапредување и зацврстување на меѓународната соработка.

М-р Александра Кираца, пак, размени искуства во доменот на Еразмус+ мобилноста на студенти, искуства за кредит трансфер системот и останати прашања кои се однесуваат на Еразмус+ програмата.Искуствата од престојот создадоа можност за понатамошна соработка меѓу Факултетот за бизнис економија од Скопје и Факултетот за применет менаџмент, економија и финансии во Белград, во однос на мобилност на студентите и наставниот кадар, соработка на научно-истражувачки проекти и меѓународната соработка. 

Follow by Email
Facebook
Instagram