Успешно организирана Втората меѓународна конференција за одржлив развој во бизнисот и економијата

Институтот за бизнис економија во соработка со Факултетот за бизнис економија ја организираше Вторатамеѓународна конференција за одржлив развој во бизнисот и економијата на тема “Challenges in Sustainable Development for Business and Economics in the post-COVID period” на 2ри Септември 2021 година.

На конференцијата земаа учество бројни истражувачи и универзитетски професори од универзитети и Научни институти од Полска, Словачка, Словенија, Бугарија, Португалија, Романија и Германија.

Учесниците ги презентираа своите последни сознанија за предизвиците кои произлегуваат од пандемијата Ковид-19, а се однесуваат на одржливиот развој во бизнисот и економијата.  Беа разгледани и дел од начините и мерките кои земјите на учесниците на конференцијата ги превземаат за надминување на предизвиканата криза од пандемијата. Настанот предизвика голем интерес кај академската заедница и покрај авторите на трудовите, свое присуство како слушатели имаа други професори, предавачи, и останати заинтериани страни.

Абстрактите од поднесените трудови ќе бидат објавени во Книгата на апстракти на втората меѓународна конференција за одржлив развој во бизнисот и економијата, а дел од трудовите ќе бидат во својата целосна форма публикувани во „Списанието за одржлив развој“. Втората меѓународна конференција за одржлив развој во бизнисот и економијата беше организирана преку Еразмус+ програмата за размена и мобилност.

Follow by Email
Facebook
Instagram