Реализирана Ерасмус+мобилност на наставниот кадар на ИБИ

Кадарот на Институтот за бизнис економија во континуитет ги реализира активностите во рамките на Ерасмус+ програмата. Како дел од проектот Еразмус+ КА103 проф. д-р Слаѓана Стојановска успешно реализираше наставен престој на Академија Јужна Србија – Одсек за пословне студије Лесковац (https://vpsle.edu.rs/), во периодот од 19 до 24.09.21. Во текот на реализирањето на мобилноста, проф. Стојановска имаше гостински предавања со студентите при што истите имаа можност да се стекнат со сознанија од областа на меѓународното бизнис окружување со фокус кон практичните знаења и вештини веднаш применливи во светот на бизнисот. Дополнително, проф. Стојановска оствари и средби со менаџментот на Академијата, како и со повеќе професори при што се запозна и со начинот на работење на оваа институција од повеќе аспекти.

Во текот на престојот разменети се искуства и направена е стратегија за идна плодотворна соработка, како во областа на мобилност на кадар и студенти, така и во однос на одредени следни проектни активности.  

Follow by Email
Facebook
Instagram