Листа на предмети (Економија за бизнис 4+1)

Применети методи на истражување

Наставата ќе ги опфати основните карактеристики на научно-истражувачката работа, посебностите на истражувањето во општествените науки, организацијата на научно-истражувачката работа, одделните фази во реализацијата на истражувањето и начинот на прибирање податоци и информации. Освен тоа, студентите ќе се оспособат да едитираат и форматираат, да пишуваат кратко и јасно, како и да користат кратенки и извори, како и да изработуваат  табели, слики, графикони и слично.

Задолжителна литература
Автор Наслов Издавач Година
Јованова-Митковска,С. Основи на методологија на истражување УГД, Штип 2014
Њуболд,П.,  Карлсон,В.Л., Торн,Б. Статистика за бизнис и економија Магор, Скопје 2010
Buglear, J Quantitative Methods for Business: The A-Z of QM Taylor & Francis Group 2004
Kothari, C. R. Research methodology: Methods and Techniques New Age International 2004
Дополнителна литература
Ред. број Автор Наслов Издавач Година
Cooper, D. R.,Schindler, P. S. Business Research Methods McGraw-Hill School Education Group 2003
2. Зеленика, Р. Методологија и технологија за изработка на научни дела Економски Факултет, Риека 2000

 

Претприемништво и менаџмент на мал бизнис

Наставната содржина ќе ги опфати следните aspekti:

  • Глобални промени во функционирањето на малите бизниси;
  • Претприемништво и мал бизнис;
  • Форми на организација на мал бизнис;
  • Приоди на започнување на мал бизнис;
  • Планирање во мал бизнис;
  • Изработка на ефективен бизнис план;
  • Раст и управување на растот на мал бизнис;
  • Предности и слабости на малиот бизнис;

Општествена одговорност, етика и малите претпријатија.

Задолжителна литература
Ред број Автор Наслов Издавач Година
Шуклев, Б. Менаџмент на мал бизнис Економски факултет-Скопје 2011
2. Лонгнекер Џ. Г., Мур К.В., Палиџ Л. Е. Управување со мали бизниси: Нагалсување на претприемништвото Европа 92 Кочани 2006
Дополнителна литература
Petty, J.W., Palich L.E., Longenecker J.E., Hoy F. Small Business Management Cengage Learning 2014
Mariotti, S. Glackin, C. Entrepreneurship & Small Business Prentice Hall 2012

 

Оперативен менаџмент

Водени од овие две цели, студентите ќе научат како да дизајнираат оперативни стратегии и кои методи да ги користат за да менаџираат со промените, потоа, како да планираат и спроведуваат проекти, како да ги анализаат и унапредуваат  организациските процеси, кои се принципите на менаџментот на квалитет, како се донесуваат одлуки со оптимален капацитет и како да развиваат  планови и шеми за производство и залихи.

Задолжителна литература
Ред. број Автор Наслов Издавач Година
Чејн, Б. Ричард, Џајкобс, Ф. Роберт, Аквилано, Н. Оперативен менаџмент за конкурентна предност (11-то Издание) Генекс, Кочани 2011

 

Иновации и трансфер на технологија

Преку наставните содржини на овој предмет студентите ќе се стекнат со напредни познавања на иновацијата, процесот на иновирање, развојот на нови производи и услуги и менаџирањето со иновацијата. Истовремено во текот на изучувањето на предметот стидентите ќе се запознаат и со улогата на иновациите во развојот на мали и средни претпријатија во Р. Македонија, но и на глобалните економски пазари.Исто таа внимание ќе се обрне и на начинот на трансферирање на технологијата и знаењето во неразвиените земји и кои се технологии треба да се трансферираат така што ќе бидат во функција на развојот на земјата и притоа да не се загадувачки. Понатаму, ќе се направи и осврт на главните институции за поддршка на иновациите,развојот на технологии и нивниот трансфер, како и на иновативното организирање на процесот на трудот заради поттикнување на креативниот потенцијал на вработените и иновациите во сите сфери на дејствување на бизнисот.

Задолжителна литература
Ред. број Автор Наслов Издавач Година
Бесан, Џон, Тид, Џо,

Иновација и претприемаштво Арс Ламина 2012
Влада на Р. Македонија Стратегија за иновации на Р. Македонија 2012-2020 2011
3. Mark S. Manger Investing in Protection – The Politics of Preferential Trade Agreements between North and South Cambridge University Press 2009
4. Batra, R.

The New Golden Age Palgrave Macmillan 2007

 

Менаџмент, вреднување и мониторинг на проекти

Наставата ќе се однесува на концептите на управување со проекти, организацијата на управување со проекти, (функционална организација, проектна организација, матрична организација), и управувањето на човечки ресурси во проект и комуникација. Посебно место во наставата има управување со ризиците и промените во проект, планирањето и реализацијата на проект, како и мониторингот и контролата на реализацијата на проект. Наставата ќе се однесува на известувањето и сметководствените програми за управување со проекти, а на крај ќе бидат опфатени и методите и техниките на проектниот менаџмент

Задолжителна литература
Ред. Бр. Автор Наслов Издавач Година
Кумар В.,

Меѓународно маркетинг истражување, Арс Ламина 2012
Petar Jovanovic Upravljanje projektom  Konstantin Kostić (editor) Pages displayed by permission of FON 2006
A guide to project management body knowledge 2007
Дополнителна литература
Ред. број Автор Наслов Издавач Година
Eric Verzuh Portable MBA in project management. John Wiley & Sons 2003

 

Европско деловно право

Во тематските единици ќе бидат опфатени правните прашања кои најчесто се појавуваат во деловниот однос помеѓу бизнисите, како и правната рамка што ги регулира нив. Посебно внимание ќе се посвети на нормативната и институционална рамка на Европската унија во областа на договорното право, конкурентското право, правото на интелектуална сопственост, алтернативите за вонсудско решавање на спорови помеѓу деловните субјекти и новините ворегулативата на Унијата кои имаат/ќе имаат импликации врз деловните активности на бизнисите.

Задолжителна литература
Ред. број Автор Наслов Издавач Година
Мадс Анденас и Френк Вулдриџ Европско компаративно право за трговски друштва Ад Вербум, Скопје 2011
Тони Дескоски Меѓународно арбитражно право 2016
Дополнителна литература
Ред. број Автор Наслов Издавач Година
Mirko Vasiljevic Company Law. Law of commercial companies of Serbia and the EU Faculty of Law, Belgrade University 2006
Dorresteijn (editor) European Company Law Kluwer Law Online 2017
Лоренс Т. Ен, Вебер Џ., Бизнис и општество. Акционери, етика, јавна политика Датапонс ДООЕЛ Скопје 2009
Директиви на ЕУ кои се однесуваат на прашања поврзани со наставната програма  

 

Маркетинг менаџмент

Преку наставна програма на предметот студентите ќе се запознаат со четирите главни фази на менаџирање со маркетингот: (1) анализа на ситуацијата во компанијата и опкружувањето, (2) стратегиско планирање (што и зошто) која ќе и помогне на компанијата да ги оствари нејзините севкупни цели,  (3) процесот на маркетинг имплементација (кој, каде, кога и како),  кој се однесува на реализирање на целите и ставање на маркетинг плановите во акции и (4) маркетинг контрола (оперативна и стратегиска), која вклучува проценување на резултатите на маркетинг плановите  и преземање корективни акции за да се исполнат целите. При тоа низ текот на целото изучување на предметот значајно внимание ќе се посвети на купувачот (неговите преференци и вредност) и стратегиите за поврзување со него, како и за важноста на конкурентните предности на маркетинг програмата.

Задолжителна литература
Ред. број Автор Наслов Издавач Година
Котлер, Ф, Келер, Л. К. Маркетинг менаџмент (13 ед) Дата понс 2009
Котлер, Ф, Келер, Л. К. Основа за маркетинг менаџмент Арс Ламина 2011
Џон, Б. М., Вокер, Ц. О. Маркетинг менаџмент Арс Ламина 2012
Дополнителна литература
Ред. број Автор Наслов Издавач Година
Чернев, А. Стратегиски маркетинг менаџмент Арс Ламина 2010
Котлер, Ф., Каслионе, А. Џ. Хаотика: Менаџирање и маркетинг во турбулентни времиња Капитал 2009

 

Меѓународно бизнис окружување

Во рамки на наставната содржина на овој предмет, студентите ќе се запознаат и со економијата на девизните курсеви, анализирајќи ги факторите кои влијаат на глобалните движења на девизните пазари и ефектите врз работењето на бизнисите кои дејствуваат глобално. Потоа ќе бидат идентификувани финансиските проблеми на меѓународната трговија, разните видови на финансиски инструменти и посредници кои го олеснуваат овој процес, девизните плаќања, изложеноста во меѓународните плаќања и ризици. Особено внимание ќе се посвети на меѓународното сметководство и одданочување, како и разните форми на меѓународно организирање.

Задолжителна литература
Ред. бр. Автор Наслов Издавач Година
Група Автори Стратегиски менаџмент, конкуренција и глобализација: Книга 1 и книга 2 (превод) Влада на Р. Македонија 2009
Neil Fligstein The EU, European Identity and the Future of the EU Oxford Academic 2008

 

Корпорациски финансии

Во рамки на воведувањето во предметот студентите ќе стекнат познавања за претпријатието како организација во рамки на која се користат факторите на производство и се создава вредност, разните видови на претпријатија, како и за улогата, формите и трошењето на капиталот. Во продолжение, наставата ќе го опфати предвидувањето и планирањето во претпријатијата на краток и долг рок и факторите од кои што тоа зависи, временската вредност на парите, ризикот и приносот и вреднувањето на средствата.

Наставата во врска со финансирањето на обртните средства и менаџментот со овие средства ќе овозможи стекнување на познавања за краткорочното финансирање, управувањето со залихите, побарувањата, готовината и хартиите од вредност. Во рамки на овој предмет студентите ќе се стакнат и со познавања за трошкот на капиталот и неговите детерминанти, дивидендата и девидентната политика, како и со проблематиката на спојувањата, преземањата и другите облици на преструктуирање на претпријатијата.

Задолжителна литература
Ред. бр. Автор Наслов Издавач Година
Рос, С. А.; Вестерфилд, Р. В.; Џаф, Џ. Ф. Корпоративни финансии. Магор 2010
Arnold, Glen Essentials of Corporate Finance Pearson 2007

 

 

 

 

 

Follow by Email
Facebook
Instagram