Често поставувани прашања

Дали се акредитирани последипломските студии на ИБЕ?

Одборот за Акредитација на својта 7-ма седница одржана на 30 Март 2018 година, донесе Решение за акредитација на четири студиски програми: Економија за бизнис (едногодишни и двегодишни студии) и Финансиски Менаџмент (едногодишни и двегодишни студии). Примероци од акредитациите во .пдф форма, како и од Решението за почеток со работа на студиските програми, добиено од Министерството за образование и наука, може да погледнете на веб страната на ИБЕ, во делот на Акредитации (Accreditations).

 

Дали школарината може да се плаќа на рати?

Да, школарината може да се плаќа на рати.

 

Кои се документи ми се потребни за упис на последипломски студии?

Кандидат за упис на последипломски студии е секој заинтересиран, којшто ги има комплетирано студии од прв циклус и има стекнато 180 или 240 ЕКТС. Во зависност од видот на завршени додипломски студии, секој кандидат може да се запише на едногодишни или двегодишни последипломски студии.

При упис, секој кандидат поднесува:

  • Пополнета Пријава за упис (достапна на Институтот за бизнис екномија)
  • Уверение од прв циклус на студии, оригинал и копија заверена на нотар
  • Диплома од прв циклус на студии, оригинал и копија заверена на нотар
  • Решение за нострификација од МОН, оригинал и копија заверена на нотар (за студентите кои првиот цилкус на студии го завршиле надвор од Р. Северна Македонија)
  • Извод од матична книга на родени, оригинал и копија заверена на нотар
  • Уверение за државјанство, оригинал и копија заверена на нотар
  • Две фотографии

 

Дали, како и кога се избираат (изборни) предмети?

Дел од предметите на последипломските програми се изборни и истите ги избира кандидатот. Важно е изборот да се направи пред почеток на семестарот во кој се слуша секој изборен предмет, со доставување на писмено известување за избор до администрацијата на Институтот.

 

Дали има задолжителна настава за време на последипломските студии?

Наставата на Институтот за Бизнис Економија може да биде групна или индивидуална. Согласно Правилникот за студирање на втор циклус магистерски студии, доколку на одредена програмска насока се запишат помалку од 10 студенти, наставата е индивидуална, што означува одржување преку индивидуални консултации со предметнот професор, по барање на секој студент поединечно, или заеднички, доколку студентите сами се групираат.

 

Дали постојат казнени сесии при полагање на испити?

Динамиката на студиите е лично креирана од секој студент. Заради тоа, не постојат казнени сесии на полагање на испити. Студентот може да пријави еден или повеќе испити во една сесија, да паузира повеќе сесии итн. Доколку предметот е веќе ислушан и се исполнети условите за пријава на испитот, тогаш полагањето може да се изведе во редовните испитни сесии (февруарска, мартовска, јунска и септемвриска) како и во вонредните испитни сесии кои се утврдуваат дополнително со Одлука на Научниот совет на Институтот.

 

Кои се условите за пријавување на испит?

За да може испит од предмет да биде пријавен, потребно е:

  • Предметот да биде ислушан
  • Да се изврши уплата за пријава на испит согласно Правилникот за трошоци за студирање
  • Да биде изработен семинарски труд и истиот да е одобрен од страна на предметиот професор

При полагање на испитот, студентот е должен да донесе два примерока од семинарскиот труд, за евиденција во неговото досие и кај предметниот професор.

 

На кој начин се пријавува магистерска теза?

По успешно комплетирање на првата фаза од последипломските студии (полагање на сите испити предвидени со програмата) студентот може да поднесе Пријава за магистерска тема до Научниот Совет на Институтот за Бизнис Економија. По разгледување на темата, формирање на комисија за оценка на подобноста на темата и донесување на Одлука за прифаќање на пријавата, кандидатот успешно ја пријавил магистерската теза.