Применети методи на истражување

Наставата по предметот Применети методи на истражување треба да ги оспособи студентите самостојно да истражуваат и да можат да учествуваат во изработката на проекти, студии, статии, книги и слично. Наставата ќе придонесе студентите да ја осознаат важноста на научноистражувачката работа, да ја разберат потребата од правилна примена на методите и техниките на научноистражувачката работа, како и да ги совладаат начините на пишување за да се биде разбран.

Поконкретно, наставата ќе ги опфати основните карактеристики на научноистражувачката работа, посебностите на истражувањето во општествените науки, организацијата на истражувачката работа, оделните фази во реализацијата на истражувањето и начинот на прибирање податоци и на информации. Освен тоа, студентите ќе се оспособат да едитираат и форматираат, да пишуваат кратко и јасно, како да користат кратенки и извори, како и да изработуваат табели, слики, графикони и слично.

Задолжителна литература:

  1. В. Кумар, Меѓународно маркетинг истражување, Арс Ламина, Скопје, 2012 (превод од владината програма 1000 наслови)
  2. Пол Њуболд, Вилијам Л. Карлсон, Бети Торн, Статистика за бизнис и економија, Магор, Скопје, 2010 (превод од владината програма 1000 наслови)

Дополнителна литература:

  1. Mark Saunders, Philip Lewis, Adrian Thornhill, Research methods for business students, Prentice Hall, 2009
  2. C. R. Kothari, Research methodology, methods and techniques, VII edition, 2004
  3. Buglear, J., Quantitative Methods for Business, Elsevier, 2005
  4. Mik Wisniewski, Quantitative methods for decision makers, Prentice Hall, 6th edition, 2006
  5. Gujarati, Basic Econometrics, The McGraw Hill Companies, 2004