Менаџмент со меѓународни деловни финансии

Наставата по овој предмет треба да придонесе студентите да се запознаат со значењето на меѓународните финансии и меѓународното финансиско окружување, да ја разбираат проблематиката на однесувањето на девизните курсеви, да го совладаат управувањето со ризиците на девизните курсеви и управувањето со долгорочни и краткорочни средства и извори.

Наставата ќе ги опфати и меѓународните текови на капиталот и финансиски пазари и детерминантнтите на девизните курсеви и валутни деривативи. Покрај тоа, ќе се изучува влијанието на економската политика врз девизните курсеви, меѓународна размена и меѓународен паритет на цените, како и односите помеѓу инфлацијата, каматните стапки и девизните курсеви и предвидувањето на промените на девизните курсеви.

Посебно место во наставата ќе има третирањето на изложеноста на земјата на меѓународните флуктуации на девизните курсеви и управувањето со одделните видови на изложеност. На крај, студентите ќе стекнат знаења за странските директни инвестиции, меѓународното капитално буџетирање и проблемите во врска со краткорочното меѓународно финансирање (финансирање на надворешната трговија).

Основна литература:

  1. Madura, J.: International financial management. 2008, p.700.
  2. Кејв, Ричард Е.; Франкел, Џефри А.; Џоунс, Роналд В.: Светска трговија и плаќања. Скопје, 2011, с. 712.
  3. Хил, Чарлс В. Л.: Меѓународен бизнис: конкурирање на глобалниот пазар. Четврто издание. Скопје, 2012, с.504+ (превод)
  4. Кругман, П., Обстфелд, М.: Меѓународна економија. Теорија и практика. Скопје, 2008, s.717+

Дополнителна литература: 

  1. Eun, Cheol & Resnick, Bruce: International financial management. 2007, p.536.
  2. Eiteman, David, K.; Stonehill, Artur I., Moffett, Michael H.: Multinational business finance. 2007, p.746+
  3. Шајноски, А.: Доларот vs. светска валута, Скопје, 2009, с.345.
  4. Фотов, Ристо, Меѓународни финансии. Скопје, 2010, с.430.
  5. Luk, K., International trade finance: A practical guide, 2004.
  6. Ball, Donald A.; McCulloch, Wendell H.; Franz, Paul L.; Geringer, Michael J.; Minor, Michael S.: International business. 2004, p.714.
  7. Rakita, Branko: Medjunarodni biznis i menadzment. Beograd, 2006, s.651.
  8. Miljković, Dejan: Međunarodne finansije. Beograd,2008, s.424.
  9. Barać, Slobodan; Stakić, Budimir; Hadžić, Miroljub; Marko Ivaniš: Praktikum za bankarsko poslovanje. Beograd, 2007, s.344-464.
Follow by Email
Facebook
Instagram