Финансирање и управување во малите бизниси

Малите бизниси (микро и малите фирми) претставуваат најмногубројните организациони единици во секоја земја. Поради оваа причина, изучувањето на малите бизниси зазема истакнато место во наставата на факултетите по бизнис економија. Нивната релативно мала економска сила налага различни методи на управување и финансирање, како и нагласок на менаџментот со ризици.

За таа цел наставата во рамки на овој предмет ќе се фокусира на особеностите на овие фирми кои налагаат примена на специфични методи на менаџмент и на финансирање кои се разликуваат од оние кои ги применуваат средните и големите фирми.

Истото се однесува и за достапноста на некои извори на финансирање кои се помалку достапни за малите бизниси. Релативно слабата финансиска моќ на малите бизниси, нивната поизразена ранливост во услови на кризи и економски нарушувања, налагаат релативно повнимателна политика на менаџмент со ризиците.


Основна литература:

  1. Thomas W. Zimmerer, Norman M. Scarborough: Essentials of entrepreneurship and small business management. 2008.
  2. Армендариз Б, Мордан Џ, Економија на микрофинансирање, Арс Ламина,2011(превод)
Follow by Email
Facebook
Instagram