Цел на наставата по овој предмет е студентите да се оспособат да ја осознаат потребата од финанското планирање и контрола, да ја разбираат содржината на финансиските планови и потребата од дејствителна контрола; да ги совладаат вештините за креирање на стратешка рамка за фирмата и да ги совладаат начините за примена на контрола. За да се остварат овие цели наставата ќе се однесува на анализа на постојната состојба во окружувањето и во фирмата, равојот на стратегија на фирмата, стратешкото планирање и имплементација и стратешките прашања кои се карактеристични за малите бизниси.
Во наставата се предвидува совладување на изработката на бизнис план, проблемите на маркетингот и финансиски аспекти на бизнис планот, како и реализација на бизнис планот. Посебно наставно подрачје претставува производственото планирање, планирањето на потребните материјали и нивен обем, оптимализација на производствената технологија и флексибилното планирање и контрола.
Основна литература:
- William R. Lasher: Process to profits: Strategic planning for a growing business. 2005.
- Sid Kemp & Eric Dunbar: Budgeting for managers. 2003.