Во рамки на наставата по овој предмет, студентите треба да се запознаат со основите детерминантни на политиката на цени и на управувањето со трошоците, да се оспособат за формирање и водење на успешна политика на цени, да ги совладаат системите на пресметка на трошоците, да го разбираат значењето на фиксните и варијабилните трошоци и да се оспособат да ги применуваат методите на трошоци.
Предметот „Политика на цени и менаџмент со трошоци“ треба да придонесе студентите да ја совладаат методологијата на определување цени на производите, стратегиите на определување на цени, водењето политика на цени, таргетирање на трошоците и системите на трошоци според работното место и според работниот процес. Освен тоа, наставата ќе се однесува и на алокацијата на трошоците, ефектите врз доходот од одделните методи на евиденција на трошоците, како и определување на односот трошоци-обем-профит.
Основна литература:
- Жан Хиндрикс и Гарет Д. Мајлс,(2011): „Средна јавна економија“ Превод на Владата на РМ, Арс Ламина
- Градишка-Теменугова Олга (2000): “Теорија и политика на цени“, Економски факултет – Скопје, Скопје
- Mate Babic, “Micro-Economic Analyzes” (Mikro-ekonomska analiza), Zagreb, 2000
Дополнителна литература:
- Варијан, Хал Р. (2010) “Микроекономска анализа”
- Mas-Colell, Andreu; Whinston, M D and Green, J R (2004), Microeconomic Theory, Oxford University Press.