Франшиза, лизинг и други небанкарски извори на финансирање

Цел на наставата на овој предмет претставуваат небанкарските форми на финансирање на фирмите. Во рамки на оваа наставна единица студентите ќе ги осознаат основните карактеристики на поважните категории небанкарски извори на финансирање кои се од битно значење за секој управител кој донесува финансиски одлуки во фирмата.

Во наставата ќе биде опфатено значењето и важноста за организацијата на трговскиот кредит, карактеристиките на факторингот и на услугите кои ги нудат фирмите кои се занимаваат со овој вид на бизнис, карактеристиките, предностите и недостатоците на лизингот, како и осознавање на значењето на меѓународните пазари за подигање на финансиски средства. Покрај тоа, во наставата ќе биде третирана и рочната структура на каматните стапки и причините за нејзиното постоење, како и предностите и недостатоците на краткорочното и долгорочното задолжување.

Основна литература:

  1. M.Forman: Factoring and finance. 2006.

Задолжителна литература:

  1. P.Kucera: Leasing, factoring and forfaiting. 2001.
Follow by Email
Facebook
Instagram