Комерцијално банкарство

Цел на наставата по предметот Комерцијално банкарство претставува воведување на студентите во теоријата и практиката на комерцијалните банки, нивните особености и значење за економијата. Најнапред, во наставата ќе се третира економското и финансиското окружување и приспособувањето на банкарската индустрија на настанатите промени.

Во продолжение ќа се третираат основните фактори на успешноста на комерцијалните банки (адекватноста на капиталот, квалитетот на средствата, менаџментот, заработувачката ликвидноста и сензитивноста на пазарниот ризик – CAMELS). Во рамки на наставата за факторите на успешноста, посебно внимание ќе се посветува на ризиците со кои се соочуваат овие банки.

Посебно внимание во наставата ќе биде посветено на моделите на вреднување на перформансите на банките и тоа на традиционалните модели и алтернативните модели. Освен тоа, во наставата ќе биде опфатена и специфичната анализа на финансиските извештаи на комерцијалните банки.

Задолжителна литература:

  1. Гул, Бентон Е. и Колари, Џејмс, В.: Комерцијално банкарство. 2011, с.546. (превод)
  2. Мишкин, Фредерик : Економија на пари, банкарство и финансиски пазари. Скопје, 2010, с.660+.
  3. Rose, Peter S.: Раководење комерцијални банки. 2002.
  4. Machiraju, H.R.: Modern commercial banking. 2008, p.362.

Дополнителна литература: 

  1. Попоска, Климентина: Комерцијално банкарство. Скопје, 2008, с.375.
  2. Петрески, Горан: Управување со банките. Скопје, 2011, с. 440
  3. Касу, Барбара; Џирардоне, Клаудија и Молину, Филип: Вовед во банкарството. 2012, с.524.
  4. Хефернан, Шила: Современо банкарство. 2009, с.748.
  5. Хул, Џон К.: Менаџирање на ризиците на финансиските институции. 2011, с.556.
  6. Matthews, Kent & Thomson, John: The economics of banking. 2005, p.243.
  7. Tarullo, D.K.: Banking on Basel. 2008.
Follow by Email
Facebook
Instagram