Теории за камати и менаџмент со каматни ризици

Цели на изучувањето на овој предмет се каматните стапки, нивните детерминанти и ефекти од нивните промени врз кредитокорисниците и вкупната економија. Најнапред во наставата ќе се третираат разните теоретски видувања за каматите, нивните детерминанти и поставеност во економијата. Во продолжение ќе биде опфатена проблематиката на рочната структура на каматните стапки, дефиницијата на рочната структура, теоријата на очекувања, рамнотежната каматна стапка, како и ризиците кои се присутни кај каматите.

Освен тоа, во учењето ќе биде третирано и влијанието на инфлацијата врз каматните стапки, номиналните и реалните каматни стапки и очекувањата од промените на каматните стапки. Во наставата ќе биде вклучено и изучувањето на влијанието на каматните стапки врз цените на обврзниците, хипотекарните хартии од вредност, деривативните хартии од вредност, цената на валутите и цената на капиталот.

Основна литература:

  1. Хул, Џон К.: Менаџирање на ризиците и финансиските институции. Арс Ламина ДОО, Скопје, 2011, с.556. (превод)
  2. Хорн, Џејмс Ван: Каматни стапки и текови на финансискиот пазар. Скопје, 2009, с. 319.
  3. Вајт, Лоренс, Х.: Теорија на монетарните институции. Скопје, 2011, с.280.
  4. Woodfort, Michael: Interest & Prices. 2003, p.800.
  5. Fabozzi, Frenk J; Mann, Steven V. and Choudhry, Moorad: Measuring and controlling interest rate and credit risk. 2003, p.545.

Дополнителна литература: 

  1. Brigo, D. & Mercurio, F.: Interest rate models – Theory and practice. 2006.
  2. Kellison, S.G.: The theory of interest. 2009.
  3. Belke, Ansgar; Polleit, Thorsten: Monetary economics in global financial markets. 2009, p.839.
  4. Greuning, Hennie Van & Brajović Bratanović, Sonja: Analiza i upravljanje bankovnim rizicima. Zagreb, 2006, s.249-260.
  5. Homer, Sidney & Sylla, Richard: A History of interest rates. 2005, p.733.
  6. Svoboda, Simon: Interest rate modeling. 2004, p.288.
  7. Mishkin, Frederic & Eakins, Stanley: Financial markets and institutions. 2009, p.675.
  8. Mishkin, Frederic S.: The economics of money, banking and financial markets. 2010, p.705.
Follow by Email
Facebook
Instagram