Монетарна регулација и централно банкарство

Во предметот Монетарна политика, регулација и централно банкарство ќе се изучуваат концептите на регулацијата на понудата и побарувачката на пари во стопанството. Монетарната регулација е важен сегмент на економијата која има за цел да ги регулира паричните односи со цел да се оствари урамнотежен однос помеѓу понудата и побарувачката на пари. Бројните пропаѓања на банки кои имаат тешки последици врз економиите, укажуваат на потребата од регулација за што е одговорна централната банка.

Централната банка, покрај регулирањето на количината на пари во оптек, го регулира и контролира работењето на банките. Во дел од наставата ќе биде опфатена и монетарната регулација во Република Македонија, како и улогата и задачите на Народната банка на Република Македонија.

Основна литература:

  1. C.E. Valsh: Monetary theory and policy. 2010.
  2. K. Jonson & M. Mrcussen: Central banks in the age of Euro. 2009.
  3. Frederic Mishkin & Stanley Eakins: Financial markets and institutions. 2009
Follow by Email
Facebook
Instagram