Менаџерска економија и маркетинг

Овој предмет претставува континуитет на предметот менаџерска економија од додипломските студии, само што овој пат студентите ќе имаат можност да се запознаат со анализата на економското окружување на фирмите, на едно повисоко-напредно ниво. Во тој контекст, посебно внимане е посветено на третманот на олигополските структури, предвидувањето на побарувачката за производите, предвидувањето на државните интервенции и на нивните ефекти итн.

Посебно внимание ќе се посветува на стратегијата на промени усогласени со развојната фаза од животниот циклус на претпријатието и производот, од аспект на интегралното управување со техничко-технолошките, политичките и културните промени во организацијата, деловната етика. Притоа, сите горенаведени аспекти ќе се имплементираат низ призмата на маркетингот и неговите современи облици на дејствување, особено во контекст на меѓународното окружување.

Основна литература:

  1. Michael R. Bay: Економија на менмаџмент и бизнис стратегија, Дата Понс, 2009 (превод).
  2. Diane Martin, Sustainable Marketing, Prentice Hall, 2008