Менаџмент, вреднување и управување со проекти

Во рамки на овој предмет студентите ќе се здобијат со знаења неопходни за успешно управување и реализација на проект. Во почеток, наставата ќе се однесува на управувањето со деловните системи, поимите и видовите на проекти. Во продолжение студентите ќе бидат воведени во суштината на концептот на управување со проект, постапките за управување со проектите, а и во организацијата на управувањето со проект.

Во рамки на наставата за управување со човечките ресурси во проектот, студентите ќе се здобијат и со знаења за значењето на тимската работа, видовите на тимови, функционирањето на тимот, решавањето на конфликтите и други значајни прашања од оваа област.

Наставата ќе го опфати и управувањето при преговарањето, управувањето со квалитетот во проектот, управувањето со ризикот на проектот, управувањето со промените во проектот, како и планирањето, реализацијата и контролата на проектот.

Основна литература:

  1. Jovanovic P., Upravljanje projektom. 2006.
  2. A guide to project management basic knowledge. 2004.
  3.  
  4. Verzuh E., Portable MBA in project management. 2003.
  5. Mantel J.S. et al., Project Management in Practice, 4-th ed.2011.
  6. Кумар В., Меѓународно маркетинг истражување, Арс Ламина. 2012. (превод)