Енергетска ефикасност

Основна цел на овој предмет е студентите да го совладаат научниот пристап за заштеда и поефикасно користење на енергијата и на ресурсите од животната средина. Студентите ќе се оспособат за идентификување на нетехничките фактори кои влијаат врз потребата за воведување на нови технологии кои ќе бидат не само енергетски ефикасни, туку и еколошки пријателски, заради заштита и на животната средина.

Врз основа на изработка на студии на случај или учество во разни проектни активности, студентите ќе се оспособат да ја определуваат ефикасноста, трошоците и ограничувањата на технологиите и мерките за енергетска ефикасност и да користат аналитички методи за определување на перформансите на технологиите со висока енергетска ефикасност како и за мерење на ефектите врз окружувањето, т.е. животната средина.

Благодарение на ваквиот комбиниран научно-истражувачки пристап, студентите ќе можат да дефинираат макроекономски политики и стратегија за заштита на животната средина со едновремено зголемување на енергетската ефикасност, било преку рационално користење било преку супституција на природните енергетски ресурси и нивна замена со обновливи извори на енергија. Воедно, посебно внимание ќе се посветува на осознавањето и лоцирањето на проблемите на животната средина на ниво на компанија, односно да ги проценуваат економските и еколошките ефекти од проектите.

Основна литература:

  1. Group of authors, Water footprint and virtual-water trade in Spain, La Fundacion Marcelino Botin-Sanz de Sautuola y Lopez, 2010
  2. Llewellyn B., et al., GreenJobs: A Guide to Eco-Friendly Employment, 2008
  3. Nuthall P., Farm Business Management – A Human Factor, 2010
  4. Лоренс и Вебер, Бизнис и општество, Арс Ламина, 2009 (превод)
Follow by Email
Facebook
Instagram