Меѓународно бизнис окружување

Предметот е насочен кон позиционирањето на фирмата на странските пазари. За таа цел акцент е ставен на приодот и трошоците за спроведување на истражување на странските пазари, поточно за фазите низ кои минува ова истражување.

Понатаму, студентите ќе се запознаат и со економијата на девизните курсеви, финансиските проблеми на меѓународната трговија, функционирањето на девизните пазари, девизните плаќања, изложеноста во меѓународните плаќања и ризици. меѓународното сметководство и одданочување, разните форми на меѓународно организирање итн.


Основна литература:

  1. Група автори: Стратегиски менаџмент, конкуренција и глобализација. Книга 1 и Книга 2 (превод), Влада на РМ, 2009.
  2. Neil Fligstein: The EU, European Identity and the Future of Europe. 2008.