Корпорациски финансии

Наставата по овој предмет ќе се однесува на повеќе елементи во врска со управувањето со финансиите во претпријатијата и детерминентите од кои што зависи успешното управување со ваквите средства. Во рамки на воведувањето во предметот студентите ќе стекнат познавања за претпријатието како организација во рамки на која се користат факторите на производство и се создава вредност, разните видови на претпријатија, како и за улогата, формите и трошењето на капиталот. Во продолжение, наставата ќе го опфати предвидувањето и планирањето во претпријатијата на краток и долг рок и факторите од кои што тоа зависи, временската вредност на парите, ризикот и приносот и вреднувањето на средствата.

Наставата во врска со финансирањето на обртните средства и менаџментот со овие средства ќе овозможи стекнување на познавања за краткорочното финансирање, управувањето со залихите, побарувањата, готовината и хартиите од вредност. Во рамки на овој предмет студентите ќе се стакнат и со познавања за трошкот на капиталот и неговите детерминанти, дивидендата и девидентната политика, како и со проблематиката на спојувањата, преземањата и другите облици на преструктуирање на претпријатијата.


Основна литература:

  1. Рос, Стивен А.; Вестерфилд, Рандолф В.; Џаф, Џефри Ф.: Корпоративни финансии. Магор, Скопје, 2010, с.926.
  2. Arnold, Glen: Essentials of Corporate Finance. 2007, p.514.
  3. Block, C.B. & Hirt, G.A.: Основи на финансиски менаџмент. 2008, 658+

Дополнителна литература:

  1. Berk, Jonathan & DeMarzo, Peter: Corporate Finance. 2010 p.1001.
  2. Gitman, Lawrence & Zutter, Chad J.: Principles of managerial finance. 2012, p.947.
  3. Pike, Richared; Neale, Bill: Corporate finance and investment. Decisions and strategies. 2006, p.759.
  4. Breadly – Myers – Markus. Fundamentals of financial management. 2008, p.754.
  5. Сашо Арсов. Финансиски менаџмент. 2009, с.455.
  6. Van Hоrn, J.C. &. Wachowicz, J.M. Osnovi financijskog menadzmenta.2002, p.773.
  7. Vidusic, Ljiljana: Financijski menadzment. 2006, s.543+.
  8. Fabozzi, Frank J.; Peterson, Pamela P.: Financial Management and Analysis. 2003, p.1022.
  9. Frame, Davidson J.: Managing risk in organization. 2003, p.287.
  10. Preve, Lorenzo A. & Sarria-Alende, Virginia: Working capital management. 2010, p.173.
  11. Silver, Edward A.; Pyke, David F. and Peterson, Rein: Inventory management and production planning and scheduling. 1989, p.754.
Follow by Email
Facebook
Instagram