Директор

ДИРЕКТОР

Проф. Д-р Анета Васиљевиќ-Шикалеска

Проф. д-р Васиљевиќ – Шикалеска докторирала на Универзитетот “Св.Кирил и Методиј” во Скопје во областа на инженерски науки. Научно-наставната дејност ја остварува како виш научен соработник/вонреден професор на Институтот за бизнис економија каде ја држи наставата по предметите Применети методи на истражување, Иновации и трансфер на технологија, Енергетска ефикасност и Обновливи извори на енергија. Истовремено предава и Математика и Статистика за економисти при Факултетот за бизнис економија во Скопје.

Фокусот на научниот интерес на проф. д-р Васиљевиќ-Шикалеска е во областа на заштита на животната средина, циркуларна економија и нови инженерски материјали. Започнувајќи од 2001 година таа е активно вклучена во бројни истражувачки и апликативни проекти и се стекнува со значително искуство во областа на напредни технологии и нови материјали, отпад и управување со отпади, циркуларна економија, како и во областа на образование и примена на иновативни практики на предавање и учење во високо-образовните институции во Европа.

Во рамките на научно-истражувачката работа остварува бројни престои на универзитети и истражувачки институции надвор од земјата, како и на работилници и летни школи, а постиганите резултати ги презентира со објавување на научни трудови и преку учество на различни симпозиуми и конгреси во земјата и странство. Исто така е рецензент во реномирани странски списанија со импакт фактор и има искуство како обучувач и во подготовка и евалуирање на проекти.

Проф. д-р Васиљевиќ-Шикалеска била проектен координатор на два меѓународни Еразмус плус проекти за стратешко партнерство во областа на високото образование, а тековно е иглавен уредник на списанието Journal of Sustainable Development.

За Директор на Институтот за бизнис економија е избрана во Март 2018 година.