Научен кадар

2. Виши научни соработници/Вонредни професори

  • проф. д-р Жанина Кировска

Проф.Д-р Жанина Кировска со титулата Доктор на економски науки, се стекнува во 2004 година, со својот научен труд „Кредитните аранжмани како услов за раст и развој на Република Македонија“. Поседува долгогодишното професионално искуство во органите на државната управа и работи на задачи насочени кон спроведување на владини реформи и градење на институционалните капацитети, со ангажман во највисоките менаџерски тела.

Доцентското звање го добива на Универзитетот за туризам и менаџмент Скопје каде покрај едукативните и наставните активности, во одреден период ја извршуваше и функцијата Декан на Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент. Од 2013 година, обавува настава во областа на Менаџмент и Маркетинг на Факултетот за бизнис економија и Институтот за бизнис економија Скопје.

Од 2015-2018 година e именувана за Директор на Приватниот научен институт за бизнис економија Скопје и работи на повеќе проекти од Европската програма за стратешко партнерство: “Innovative strategic partnership for European higher education” (ISPEHE), Strategic partnership for innovation and development of entrepreneurship (SPIDE)и др.

Таа е ко-автор на следните наставни учебници: „Стратегиски менаџмент“, „Финансиски систем и фискална економија“, а автор на учебникот„Трговски менаџмент“. Досега има објавено 13 труда во научно/стручни списанија со меѓународен уредувачки одбор и 11 труда во зборници на трудови од научен собир со меѓународен уредувачки одбор.

За потребите на Министерството за образование и наука учествува во стручен превод и редакција на „Маркетинг“ оригинален наслов “Marketing”, од авторите Lamb, Ch. W., Hair, J.F., McDaniel, C. (2009).

zanina.kirovska@fbe.edu.mk, тел. +389 (0)2 2402 170

 

  • Проф. д-р Слаѓана Стојановска

Професор и научник, кој во текот на триесетиедно годишната кариера има работено во неколку компании, од кои десет години како консултант во компанија за Менаџмент консалтинг, каде своето знаење и искуство од областа на бизнис секторот го инкорпорирала во подготовка и реализација на многубројни домашни и меѓународни проекти. Има објавено над 20 научноистражувачки трудови, од кои 5 се меѓународни. Во 2008 година е избрана за доц д-р на група предмети од областа на маркетинг, проектен менаџмент и бизнис планирање на додипломските студии на Факултетот за Бизнис економија (ФБЕ), а во 2011 година е ангажирана и на последипломските и докторските студии на Институтот за Бизнис економија (ИБЕ).

 

  • Проф. д-р Крсте Шајноски

Професорот Крсте Шајноски докторирал во 2009 годинина на Економскиот институт во Скопје. Истата  година  е избран како доцент од областа на монетарната економија на Економски факултет при Универзитетот Гоце Делчев – Штип.  Неговите истражувањa се насочени кон монетарните прашања, девизните проблеми, финансиските пазари. Шајноски има објавено  две книги, два учебника, и една монографија. Во исто време самостојно или во коавторство има изработено повеќе меѓународно научно истражувачки трудови . Во 2016 година е избран за вонреден професор каде на Институтот за бизнис економија и Факултетот за бизнис економија редовно ги реализира предметите „Корпоративни финансии“, „Меѓународни деловни финансии“, „Финансиски пазари и институции“, „Хартии од

 

  • Проф. д-р Анета Васиљевиќ-Шикалеска

Докторирала во областа на инженерски науки на Универзитетот “Св.Кирил и Методиј” во Скопје. Наставната дејност ја остварува како предавач по предметите Математика и Статистика, Алатки и техники за управување со животна средина и Индустриска екологија на Факултетот за бизнис економија, а во текот на последипломските студии била ангажирана како демонстратор на технолошко-металуршкиот факултет. Од 2013 година ангажирана е како доцент/соработник-истражувач на Институт за бизнис економија. Во рамките на научно-истражувачката работа има активно учество како истражувач и координатор во повеќе научно-истражувачки и развојни проекти, остварува бројни престои на универзитети и истражувачки институции надвор од земјата, како и на работилници и летни школи, а постиганите резултати ги презентира партиципирајќи со повеќе трудови на различни симпозиуми и конгреси. Исто така д-р Васиљевиќ-Шикалеска била рецензент во реномирани странски списанија и има искуство како обучувач и во подготовка и евалуирање на проекти. Нејзините области на интерес се околина и заштита на околина, одржлив развој и нови материјали.

 

  • Проф. д-р Биљана Ѓозинска

Докторирала на Правниот факултет „Јустинијан Први“ на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“, 2012 година во областа на Меѓународното право. Има повеќегодишно работно искуство во високообразовната дејност и во областа на правосудството. На Факултетот за бизнис економија изведува настава по предметот Деловно право, вклучена е во наставниот процес на предметот ИБП и ги извршува обврските на Секретар на Факултетот. Учествувала на повеќе семинари, обуки, школи и конференции од областа на правото.

 

  • доц. д-р Илија Андовски

Докторирал во 2013 година на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје на тема ПРИМЕНАТА НА БАЗЕЛ III ВО БАНКАРСКОТО РАБОТЕЊЕ СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА ВОСПОСТАВЕНИТЕ МЕХАНИЗМИ ЗА ЗАШТИТА ОД ФИНАНСИСКИ КРИЗИ”. Има долгогодишно работно искуство во супервизија на банки и управување со ризици во банкарско работење. Има објавено над 15 научни трудови во земјата и во странство на теми поврзани со банкарското работење. Од 2015 година е ангажиран како надворешен соработник на Институтот за Бизнис економија.


3. Научни соработници/Доценти

  • доц.д-р Гоце Трајковски

Докторирал во 2008 година на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Има долгогодишно работно искуство во сферата на банкарството и супервизијата, а посебно во областа на спречување на перење пари. Учествувал на повеќе домашни и меѓународни конференции кои третираат банкарска проблематика. Има објавено две книги од областа на банкарството, меѓународната трговија и борбата против перење пари. Од 2013 година е ангажиран како доцент на Институтот за Бизнис економија.

 

  • доц. д-р Аземина Машовиќ

Докторирала на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, во април 2017 година, во областа на меѓународен бизнис. Има повеќегодишно работно искуство во високообразовна дејност. Автор на повеќе стручни и научни трудови објавени во национални и меѓународни списанија и конференции, како и ко-автор на универзитетски учебник. Од 2014 година ангажирана е како секретар на меѓународно научно списание. Нејзиниот едукативен и истражувачки интерес е во областa на стратегиски менаџмент, меѓународна економија и меѓународен бизнис.