Студентска мобилност за студии

Како дел од Erasmus + програмата студентите на Институтот за бизнис економија имаат можност за студирање во рок од еден семестар на странска високообразовна институција. За аплицирање за студентска мобилност, сите заинтересирани кандидати треба да се обратат до м-р Александра Кираца, Erasmus+ координатор за Институтот за бизнис економија

Документи потребни за аплицирање на студентска мобилност

  1. Апликација
  2. Мотивациско писмо
  3. Транскрипт на оценки (од прв или од втор циклус)

Рокот за аплицирање за студентска мобилност за летниот семестар е од 15.11.2018 до 04.12.2018 година.