Профитабилност и енергетска ефикасност на земјоделското производство-состојби и перспективи за развој на органското производство во Република Македонија

НАСЛОВ НА ПРОЕКТОТ  ПРОФИТАБИЛНОСТ И ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА ЗЕМЈОДЕЛСКОТО ПРОИЗВОДСТВО-СОСТОЈБИ И ПЕРСПЕКТИВИ ЗА РАЗВОЈ НА ОРГАНСКОТО ПРОИЗВОДСТВО ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Период на спроведување Изведувач Партнери Финансирано и поддржано од
2011-2012 година Институт за бизнис економија Нема Министерство за земјоделие, шумарство и води
Опис на проектот
Главната цел на проектот е истражување на состојбите и перспективите на органското земјоделство во Р.Македонија, и давање на препораки за подобрување на профитабилноста на органското производство во Р.Македонија.
За спроведување на проектот беше извршено истражување на состојбите во земјоделието во Р.Македонија како и перспективите за развој на органско производство на земјоделски производи во иднина. Воедно истражувана е и енергетската ефикасност на земјоделското производство во 2011 година во Р.Македонија, како и профитабилноста на оваа стопанска гранка. За утврдување на економските резултати, односно утврдување на профитабилноста кај двата производни системи (органски и конвенцијален) применети се аналитички калкулации за производство на пченица при органско и конвенционално производство. Овие калкулации се правени врз основа на податоците добиени од самите производители на пченица (органски и конвенционални) во Овчеполскиот регион. Со аналитичките калкулации определени се годишните просечни приходи и трошоци и финансиските резултати од двата производни системи. Со споредба на калкулациите кај двата производни системи за производство на пченица, утврдени се разликите во производните методи и операции, заштитните средства, ѓубривата, жетвата, машините, работната сила и приносите. Од добиените резултати произлегуваат разликите во приходите, трошоците и финансиските резултати, што пак овозможува извлекување на соодветен заклучок кој производен земјоделски систем е попрофитабилен, органскиот или конвенционалниот
Заклучоци и препораки
И покрај тоа што конвенционалниот систем покажува подобри финансиски резултати, органскиот производствен систем е енергетски поефикасен и еколошки попријатен кон животната средина и живите организми, што би требало да  прдонесе кон негово поголемо практикување  од земјоделските производители  и негова поголема распространетост.
Органското земјоделско производство е оправдана форма на производство, што го потврдува и неговиот забрзан равој во светски рамки. Република Македонија, ги следи светските трендови во земјоделското производство, следствено на тоа го поддржува и органското земјоделско производство како концепт на оддржливо земјоделство.
Истражувачки тим
Д-р Наташа Даниловска
М-р Ивана Никифоровска
М-р Петар Клетниковски
Follow by Email
Facebook
Instagram