Innovative Strategic Partnership for European Higher Education (ISPEHE)

НАСЛОВ НА ПРОЕКТОТ  Иновативно стратешко партнерство за европско високо образование (Innovative Strategic Partnership for European Higher Education)
Период на спроведување Изведувач Партнери Финансирано и поддржано од
2015 – 2016 година Институт за бизнис економија University of Pavia, Italy

University of Ljubljana, Slovenia

Ekonomikas un kultūras augstskola, Latvia

Technical University of Riga, Latvia

Европска Комисија,

Програма Еразмус +,   Клучна акција 2 – Стратешки партнерства

Опис на проектот
Главната цел на проектот е поддршка на развојот на иновативни научно-наставни методи и идеи преку долгорочна стратешка соработка на високообразовни институции и компании на европско ниво и подобрување на развојот на одржлив научен напредок во високообразовните институции.
Специфичните цели на објектот се:

– Имплементација на модели за ефективно и практично учење, преку подигнување на свеста за создавање на култура подобна за иновации: воспоставување на најдобри едукативни практики посветени на подобрување на постоечките наставно-научни методи во партнерските институции, поттикнување на иновација, креативност, како и бизнис и лидерски вештини,

–  Правење на основа за промовиеање на иновациите и различни кариерни опции помеѓу сегашните и идни студенти: развој на соработка помеѓу сите стејкхолдери посветена на зголемување на заедничките врски на сите оперативни нивоа, фокусирање на промоција на интрапретприемништво

-Равој на иновативно ИТ решение – платформа: креирање на иновативно решение кое ќе ги поврзе сите заинтересирани страни и ќе креира широк спектар на можности за споделување на искуства, заедничко дејствување и додадена вредност на вклучените страни во проектот.

Овие цели се одговор на повеќе потреби како што се: зајакнувањето на врската помеѓу високообразовните установи и бизнис секторот, поставување на заеднички модерни наставно-научни практики, на база на постоечки курикулуми кои веќе ги имплементираат партнерите во проектот, подигнување на свеста за иновација кај студентите и подобрување на интрапретприемничката култура во бизнис секторот. Главната цел на проектот е да се даде одговор на овие потреби, за да се создаде иновативна култура, подржана од долгорочна постојана соработка помеѓу високообразовните институции и бизнис секторот, како и креирање на најдобри наставно-научни практики помеѓу високообразовните институции, со цел зајакнување на иновативните и претприемачките капацитети на студентите.

Резултати и заклучоци
Главните резултати и заклучоци кои треба да произлезат од имплементацијата на проектот се:

–          Зајакнато вмрежување на сите заинтересирани страни и зголемена комуникација помеѓу партнерите-учесници на проектот и сите стејкхолдери.

–          Зголемена јавна свест за подобрување на високото образование на европско ниво

–          Зголемени капацитети на учесниците во проектот во поглед на најдобри наставно-научни практики

–          Интегриран модел за негување на иновативна култура и ефикасност на учење кај високообразовни институции – развивање на модел преку синергија на сеопфатни едукативни пристапи кои веќе се применуваат во партнерските институции, користејќи комплементарен пристап за поставување на нови, пилот-наставни програми, кои ќе се фокусираат на воведување на иновативни концепти во постоечките методи на учење.

–          Зголемување на капацитетите на учесниците во проектот за превземање на консултативни активности, педагошки услуги и партиципативен пристап во водење на студентите кон најпроспективните кариерни патеки.

–          Пилот Консолидиран Кариерен Центар  кој на високо експертско ниво ќе нуди најдобри совети за кариерен развој на студенти.

–          Креирање на Business Education Public (BEP) Integration Platform – платформа за зголемување на можностите за соработка за бизниси, јавни институтции, високообразовни установи, студенти и останати заинтересирани страни. Оваа платформа ќе понуди неколку иновативни компоненти, вклучувајќи онлајн подршка со транспаренти проекти и алатки за менаџирање.

Официјална веб страна на проектот
www.ispehe.org
Follow by Email
Facebook
Instagram