Атрактивна можност само за студенти на ИБЕ

Почитувани студенти,

Факултетот за бизнис економија и Институтот за бизнис еконономија ве повикуваат да пријавите интерес за пракса во Нова осигурување АД Скопје (http://www.nova.com.mk).

Screensaver background FBE Green2

Студентите на кои ќе се пријават на овој повик за пракса треба да поминат низ процес на обука и последователно прераспределување во различни сектори во Нова осигурување АД Скопје, согласно потребите на компанијата.

Најуспешните кандидати по завршување на праксата ќе добијат можност за вработување, за што ќе биде одлучено од страна на осигурителната компанија.

Се охрабруваат сите тековни студенти од сите студиски години при Факултетот и Институтот да дојдат на информативна средба во врска со оваа можност на ден 08.05.2018 во 12 часот во предавална 1 или електронски да се пријават на овој повик на azemina@fbe.edu.mk, најдоцна до 11 мај 2018 година.

Повеќе информации кај д-р Аземина Машовиќ на mail: azemina@fbe.edu.mk