Дејност

НАДЛЕЖНОСТИ НА ИНСТИТУТОТ ЗА БИЗНИС ЕКОНОМИЈА

Дејноста на ИБЕ е согласно актот за основање, а во рамките на решението за регистрација во Министерство за образование и наука и добиените акредитации за вршење на високообразовна дејност.

ИБЕ врши научно-истражувачка, високообразовна, високо – стручна и применувачка дејност во научно-истражувачко и студиско подрачје, според студиска програма на една или повеќе сродни и меѓусебно поврзани наставно-научни области од втор и трет циклус на студии.

Во рамките на својата дејност има за цел да работи и да обезбеди современа наставна програма која инкорпорира знаења од областа на економијата и организационите науки со цел подготвување на студентите за примена на стручните знаења кои ќе им бидат пренесени заради напредок во општеството како и напредок на нивната иднина.

ИБЕ се стреми да им обезбеди на студентите лесно прилагодување на усвоените знаења во професионалното опкружување, понатамошна професионална надградба и стекнување на знаења, користење на општите научни инструменти и методи во конкретна работа и трансформирање на идеите во конкретни проекти и нивна реализација.

Институтот ги извршува следните дејности:

истражување во рамки на економските и организациони науки и управување (вклучуваат анализа, дијганоза и предвидување на кусорочни, среднорочни и долгорочни видови на истражување);

консултантско-советодавни услуги;

вештачења, проценки и други видови на експертиза кои лицата избрани во звања и лицата ангажирани во ИБЕ може да ги вршат;

издавачка дејност;

организирање на научни трибини, конференции, семинари и сл;

високообразовна дејност на втор и трет циклус на студии во областите во кои работи ИБЕ;

студиски програми за усовршување;

неформални облици на образование како обуки, летни и зимски школи, тренинзи и сл.;

меѓународна соработка во горенаведените области на дејствување и

други дејности соодветни на дејноста на делување на ИБЕ и професионалната определба на лицата избрани во звања и лицата ангажирани во ИБЕ