ПОСТДИПЛОМСКИ СТУДИИ

Приватниот Научен Институт за Бизнис Економија (ИБЕ) има добиено акредитација за спроведување четири програми на втор циклус на студии, двегодишни (3+2) и едногодишни (4+1) последипломски студии. Ова претставува одлична можност, како за студентите кои студирале додипломски студии по Болоњскиот кредит-трансфер систем, така и за останатите студнети да се запишат на втор циклус на студии и добијат квалитетно соодветно знаење во една од четирите области:

  • Финансиски Менаџмент
  • Економија за Бизнис

Изборот на област за втор циклус на студирање зависи исклучиво од преференцијата на кандитот и неговата визија за понатамошната професионална кариера. 

Финансиски менаџмент – кандидатот заинтересиран за оваа последипломска програма ќе се стекне со квалитетно познавање на функционирањето на Централните и комерцијалните банки, менаџирање со портфолио на средства, финансиска анализа и менаџерско сметководство, менаџирање со меѓународните финансии и менаџирање со компаниски финансии.

mission

Економија за бизнис – кандидатот заинтересиран за оваа програма ќе стекне квалитетно образование за функционирањето и важноста на малите и средни претпријатија, за карактеристиките на нивното менаџирање, и напредно микроекономско познавање. Студентите ќе ги унапредат своите вештини за донесување на правилни и навремени бизнис одлуки.

Diverse business group meeting