Научно-истражувачка програма

Врз основа на член 18 од Законот за научно – истражувачка дејност, основачите на Приватниот научен институт за бизнис економија, со седиште на ул. Коста Новаковиќ бр.8, 1000 Скопје, на одржаната седницата на Советот на 01.06.2011 година, ја донесоа следнава:

ПРОГРАМА ЗА НАУЧНО-ИСТРАЖУВАЧКИ АКТИВНОСТИ
НА
ПРИВАТЕН НАУЧЕН ИНСТИТУТ ЗА БИЗНИС ЕКОНОМИЈА


Приватен научен институт за бизнис економија (во понатамошниот текст - Институт) е научно-истражувачка и консултантска институција во областа на економските и организациони науки. 

Функционирањето на Институтот ќе се темели врз примена на пазарните принципи на работење и креирање на млади, динамични и високообразовани кадри низ процесот на истражувањето односн научно-истражувачката работа и образование.
Институтот истовремено ќе функционира како научна, но и консултантска институција, која своите услуги ќе ги нуди како на домашни така и на странски компании, институции и агенции. Научниот пристап ќе се темели врз мултидисциплинарен приод кон фундаменталните и применети истражувања, како и деловно фокусиран диверзифициран пристап кон апликативните истражувања во насока за развивање на менаџерски косалтинг, обраозвание и обука на кадри, вклучително и издавачка дејност.

Истражувањето во рамки на економските и организациони науки и управување (вклучуваат анализа, дијганоза и предвидување на кусорочни, среднорочни и долгорочни видови на истражување),

  • Консултантско советодавни услуги,
  • Издавачка дејност,
  • Организирање на научни трибини, конференции, семинари, обуки и сл
  • Образование на ниво на втори трет степен на студии во наведените области на научно-истражувачката дејност,
  • Развивање на образовни и научно-истражувачки модели за далечинско и доживотно образование и истражување,
  • Меѓународна соработка во сите релевантни области на дејствување.


Истражувањето во рамки на економските и организациони науки и управување

Овие истражувања се темелат врз мулти-интердисциплинарен пристап, кој е во согласност со брзите промени и развој на економско-политичкото и социјално окружување во услови на глобализација. Ваквиот пристап овозможува, економските истражувања што претставуваат истражувачка активност на Институтот, да бидат поврзани со сите релевантни аспекти на истражувањата како што се разните општествени, технолошки, организациони, институционални и културолошки аспекти. Методологиите што ги применува Институтот се меѓународно признати и прифатени во доменот на економските истражувања. Применетите методологии овозможуваат разновидини компаративни анализи, на национално и меѓународно ниво. Истражувачките активности на Институтот првенствено ќе се насочени во следните области:

  • Истражување и унапредување на одржливиот економски развој
  • Истражување и развој на меѓународни економски односи
  • Истражување и развој на индустрија, аграр и шумарство,
  • Истражување и развој на услугите (банкарство, туризам, сообраќај, трговија итн.)
  • Економика на инвестиции
  • Развој и креирање на организациски структури на претпријатија, институции и јакнење на нивните капцитети
  • Дефинирање и управување преку економски политики
  • Менаџмент со одржлив развој на микро ниво
  • Дерегулација на стопанството и развивање на претприемништвото
  • Поддршка на развојот на приватниот сектор, малите и средни претпријатија
  • Поддршка, анимирање и динамизирање на развојот на партнерства меѓу приватниот и јавниот сектор
  • Реформирање на финансискиот и банкарскиот систем во земјата
  • Развој и унапредување на човечките ресурси во земјата
  • Макроекономски анализи и прогнози
  • Регионални студии за развој
  • Енергетска ефикасност, обновливи извори на енергија
  • Истражување и развој на бизнис менаџмент
  • Истражување и развој на финансиски менаџмент
  • Истражување и развој на банкарството
  • Истражување и развој на маркетингот
  • Истражување и развој на информациони системи
  • Информатизација на бизнисот


Консултантско советодавни услуги

Институтот ќе нуди професионални и советодавни услуги во доменот на корпорациските стратегии, финансии, транскации, проценка на вредноста на претпријатијата, изработка на бизнис планови, студии на изводливост, анализи на пазрот, советувања за даноците, советувања за банкарски активности, едукација на кадри итн. Истражувања за изнаоѓање на на оптимални решенија за проблемите на клиентите во разни подрачја од нивното работење, а особено во:

  • корпоративна стратегија
  • корпоративни финансии, проценка на вредноста (MVA, NVA)
  • регрутирање и развој на хумани ресурси
  • маркетинг стратегија итн.

Издавачка дејност

Во рамки на издавачката дејност Институтот ќе ги публикува:

  • резултатите од своите научно-истражувачки проекти
  • студии на случај и добра пракса од консултантско-советодавните активности;
  • ќе издава периодичен часопис за Бизнис економија – врз основа на научно-истражувачките сознанија и откритија на вработените во Институтот, но и на пошироката научно-истражувачка заедница од земјата и од странство;
  • ќе публикува современи учебни помагала од областите на економски науки и организација и управување;
  • преводи на научни и стручни дела во дадените области на дејствување;
  • прирачници, упатства и други работни материјали за разни обуки итн.


Организирање на научни трибини, конференции, семинари, обуки

Заради популаризација на сопствените научно-истражувачки остварувања, иновации и откритија, Институтот ќе организира и разни научни трибини, тркалезни маси, научни собири, семинари и други видови на обуки за академската заедница во земјата, но и во меѓународни релации.

Образование на ниво на втор и трет степен на студии во наведените области на научно-истражувачката дејност

Институтот ќе организира студии од втор степен на образование во следните области:

  • Финансиски менаџмент
  • Економија за бизнис
  • Банкарство
  • Еколошка економија – одржлив развој


Покрај ова Институтот ќе развива и докторски студии (трет степен на образование) од следните области:

  • Одржлив развој
  • Бизнис економија
  • Финансии