Библиотека

Library-Books1

Институтот за бизнис економија располага со библиотека со опсежен и разновиден, домашен и странски книжен фонд од областите: бизнис економија, маркетинг менаџмент, финансиски менаџмент, банкарство и финансии.

Библиотеката на ИБИ е една од најдобро опремените библиотеки со економска литература во Р. Македонија, и покрај неопходните материјали за предметите, има и опсежна дополнителна литература од сите полиња во економијата. Голем дел од книгите кои ги поседува библиотеката на ИБИ се нови изданија од најдобрите автори во областа.

Во рамките на библиотеката има и околу 1000 електронски наслови од врвна светска литература. Книгите се достапни и во електронска форма, во зависност од преференциите на студентите. Библиотечниот фонд редовно се обновува со трудови, прирачници и авторизирани предавања и вежби од професори, виши предавачи и предавачи.

Распоредот за работа на библиотеката е следниов:

  • Понеделник – 13.00 – 16.00 часот
  • Вторник – 08.00-12.00 часот
  • Среда – 13.00-16.00 часот
  • Четврток – 08.00-10.00 часот
  • Петок – 13.00-16.00 часот