Често поставувани прашања

Frequently Asked Questions

Дали се акредитирани последипломските студии на ИБЕ?

Одборот за Акредитација на 35 седница одржана на 24.02.2011 година, донесе решение за акредитација на четирите студиски програми: Финансиски Менаџмент, Банкарство, Еколошка Економија, Економија за Бизнис на двегодишните (3+2) и едногодишните (4+1) на Приватниот научен институт за бизнис економија. Примероци од акредитациите во .пдф форма може да погледнете на веб страната на ИБЕ, во делот на Акредитации (Accreditations).

 

Дали школарината може да се плаќа на рати?

Школарината може да се плаќа на рати, и тоа на 3 еднакви рати за студентите запишани на програмата 4+1, односно на 5 еднакви рати за студентите запишани на програмата 3+2. Ратите се уплаќаат при запишувањето на секој семестар, додека последната рата се уплаќа при пријавување на магистерската теза.

 

Кои се документи ми се потреби за упис на последипломски студии?

Кандидат за упис на последипломски студии е секој заинтересиран, којшто ги има комплетирано соодветни академски или стручни студии од прв циклус, односно има завршено соодветни додипломски студии. Во зависност од типот на додипломски студии, секој кандидат може да се запише на едногодишни или двегодишни последипломски студии.

При упис, секој кандидат поднесува:

  • Сертификат за завршено претходно образование (Уверение, Диплома) – оригинал или копија заверена на нотар
  • Кратка биографија
  • Извод од матична книга на родени – оригинал или копија заверена на нотар
  • Уверение за државјанство – оригинал или копија заверена на нотар
  • Две фотографии

При доставување на овие документи, кандидадот доставува и пополнета Пријава за упис на Инситутот за Бизнис Економија.

 

Дали, како и кога се избираат (изборни) предмети?

Дел од предметите во Вашите последипломски програми се изборни и истите ги избирате Вие. Важно е изборот да се направи пред почеток на семестарот во кој се слуша секој изборен предмет, со доставување на писмено известување за избор до администрацијата на Институтот.

 

Дали има задолжителна настава за време на последипломските студии?

Наставата на Институтот за Бизнис Економија може да биде групна или индивидуална. Согласно Правилникот за студирање на втор циклус магистерски студии, доколку на одредена програмска насока се запишат помалку од 10 студенти, наставата е индивидуална, што означува одржување преку индивидуални консултации со предметнот професор, по барање на секој студент поединечно, или заеднички, доколку студентите сами се групираат.

 

Дали постојат казнени сесии при полагање на испити?

Динамиката на студиите е лично креирана од секој студент. Заради тоа, не постојат казнени сесии на полагање на испити. Студентот може да пријави еден или повеќе испити во една сесија, да паузира повеќе сесии итн. Генерално, испитите можат да се пријават во било која од наредните сесии: февруарска, мартовска, априлска, мајска, јунска, септемвриска, октомвриска, ноемвриска, декемвриска сесија, доколку предметот е веќе ислушан и исполнети се условите за пријава на испитот.

 

Кои се условите за пријавување на испит?

За да може испит од предмет да биде пријавен, потребно е:

  • Предметот да биде ислушан
  • Да биде одобрен семинарски труд од страна на предметиот професор
  • Да се изврши уплата за пријава на испит согласно Правилникот за трошоци за студирање

При полагање на испитот, студентот е должен да донесе два примерока од семинарскиот труд, за евиденција во неговото досие и кај предметниот професор.

 

На кој начин се пријавува магистерска теза?

По успешно комплетирање на првата фаза од последипломските студии (полагање на сите испити предвидени со програмата) студентот може да поднесе Пријава за магистерска тема до Научниот Совет на Институтот за Бизнис Економија. По разгледување на темата, формирање на комисија за оценка на подобноста на темата и донесување на одлука за прифаќање на пријавата, кандидатот успешни ја пријавил магистерската теза.

 

Кој е максималниот рок за завршување на магистерските студии?

Согласно Правилникот за студирање на втор циклус магистерски студии, рокот за завршување на студиите е максимум 5 години за едногодишните, односно 6 години за двегодишните последипломски студии.