Зошто е ИБЕ вистинскиот избор?

Приватниот Научен Институт за Бизнис Економија е вистинското место за градење на капацитетите, унапредување на професионалните и интелектуалните способности, како и чување, надградба и проширување на академскиот талент кај студентите.

Bologna Idaho

 

Професорскиот кадар на ИБЕ е составен од искусни, квалитетни и докажани професори со огромно академско и практично искуство во секоја од студиските програми. Голема предност на студирање на ИБЕ е постојаниот контакт со професорите, преку претходно закажани консултации, на кои може да ја добијат потребната помош околу соодветниот предмет, и сите други неопходни информации околу начините на полагање на соодветниот испит.

Приватниот Научен Институт за Бизнис Економија остварува блиска деловна соработка со Факултетот за Бизнис Економија (ФБЕ). ФБЕ нуди додипломски студии базирани на Интегриран Бизнис Курикулум (ИБЦ) – програма превземена од Државниот Универзитет во Ајдахо (САД) и модифицирана за потребите на ИБИ.

businesssvc

ИБЕ е една од првите високообразовни институции во Р. Македонија која започна со активна заложба и промовирање на Одржливиот Развој, Енергетска Ефикасност и ефикасно искористување на обновливите извори на енергија. Визијата која ја има ИБЕ, ја пренесува преку својот курикулум на своите студенти, а тоа е уникатен спој од квалитетна економска основа со посебен акцент на животната средина. Фокусот на животната средина е клучен дел за нормалното функционирање на секоја економија, и завзема главен дел во студиските програми, посебно во програмата Еколошка Економија која подетално навлегува во оваа тематика.

Материјалите за студирање на секој предмет се од водечките светски професори, и водечката литература во секоја област. Покрај основната литература, студентите на располагање ќе имаат и голем избор од дополнителна литература, која е достапна и во електронска форма, во зависност од преференцијата на студентот.

graduates_2265239b
Приватниот Научен Институт за Бизнис Економија нуди пријатно, квалитетно и достапно образование за сите заинтересирани кандидати. Запишете се на ИБЕ, и направете го вистинскиот избор за Вашата иднина!