Директор

ДИРЕКТОР

Доц. Д-р Анета Васиљевиќ-Шикалеска

Докторирала во областа на инженерски науки на Универзитетот “Св.Кирил и Методиј” во Скопје. Научно-наставната дејност ја остварува како научен соработник и доцент на Инстутутот за бизнис економија каде ја држи наставата по предметите Применети методи на истражување, Трансфер на технологија, Енергетска ефикасност и Обновливи извори на енергија. Истовремено предава и Математика и Статистика за економисти при Факултетот за бизнис економија во Скопје.

Фокусот на нејзиниот научен интерес е во областа на заштита на животната средина, циркуларна економија и нови инженерски материјали. Започнувајќи од 2001 година таа е активно вклучена во бројни истражувачки и апликативни проекти и се стекнува со значително искуство во областа на напредни технологии и нови материјали, отпад и управување со отпади, циркуларна економија, како и во областа на образование и примена на иновативни практики на предавање и учење во високо-образовните институции во Европа.

Истовремено, во рамките на научно-истражувачката работа остварува бројни престои на универзитети и истражувачки институции надвор од земјата, како и на работилници и летни школи, а постиганите резултати ги презентира со објавување на научни трудови и преку учество на различни симпозиуми и конгреси во земјата и странство. Исто така д-р Васиљевиќ-Шикалеска е рецензент во реномирани странски списанија со импакт фактор и има искуство како обучувач и во подготовка и евалуирање на проекти.

Доц. д-р Васиљевиќ-Шикалеска е проектен координатор на два меѓународни Еразмус плус за стратешко партнерство во областа на високото образование и главен уредник на списанието Journal of Sustainable Development.
e-mail: aneta@fbe.edu.mk