Научен кадар

1. Редовни професори/Научни советници

  • проф. д-р Благоја Наневски (во пензија)

nanevski

Проф. д-р Благоја Наневски е специјализиран во областа на финансиите, а посебно во деловните финансии и банкарството. Најважните подрачја на ангажирање во научноистражувачката (објавени преку 200 трудови) и наставната активност се од областа на финансиите, банкарството, монетарните финансии, финансискиот менаџмент, корпоративните финансии, проценката на претпријатија, изработката на анализи на работењето и на финансиската состојба на претпријатија, итн. Наставната активност ја остварува на додипломски и последипломски студии, докторати, како и на обуки и тренинзи. Во ФБЕ, изведува настава по предметите “Корпоративни финансии“, “Финансиски пазари и институции“ и “Хартии од вредност и портфолио менаџмент“. Раководител е на последипломските студии по “Финансиски менаџмент“ и “Банкарство“.


 

2. Вонредни професори/Виши научни соработници

  • проф. д-р Жанина Кировскаkirovska

Д-р Жанина Кировска докторирала во 2004 година, на Универзитетот “Св.Климент Охридски”, Битола. Има долгогодишното искуство во органите на државната управа при спроведување на владини реформи и градење на институционалните капацитети. Во текот на професионалната работа координира низа проекти, а надградбата ја надополнува со учество на бројни обуки, студиски престои и работилници. Има повеќегодишно искуство во високо-образовната и научно-истражувачка работа.

 

  • Проф. д-р Слаѓана Стојановска

Професор и научник, кој во текот на триесетиедно годишната кариера има работено во неколку компании, од кои десет години како консултант во компанија за Менаџмент консалтинг, каде своето знаење и искуство од областа на бизнис секторот го инкорпорирала во подготовка и реализација на многубројни домашни и меѓународни проекти. Има објавено над 20 научноистражувачки трудови, од кои 5 се меѓународни. Во 2008 година е избрана за доц д-р на група предмети од областа на маркетинг, проектен менаџмент и бизнис планирање на додипломските студии на Факултетот за Бизнис економија (ФБЕ), а во 2011 година е ангажирана и на последипломските и докторските студии на Институтот за Бизнис економија (ИБЕ).

 

  • Проф. д-р Крсте Шајноски

Професорот Крсте Шајноски докторирал во 2009 годинина на Економскиот институт во Скопје. Истата  година  е избран како доцент од областа на монетарната економија на Економски факултет при Универзитетот Гоце Делчев – Штип.  Неговите истражувањa се насочени кон монетарните прашања, девизните проблеми, финансиските пазари. Шајноски има објавено  две книги, два учебника, и една монографија. Во исто време самостојно или во коавторство има изработено повеќе меѓународно научно истражувачки трудови . Во 2016 година е избран за вонреден професор каде на Институтот за бизнис економија и Факултетот за бизнис економија редовно ги реализира предметите „Корпоративни финансии“, „Меѓународни деловни финансии“, „Финансиски пазари и институции“, „Хартии од вредност и портфолио менаџмент“

  • Проф. Д-р Александар Костадиновски

Професорот Александар Костадиновски докторирал во 2009 година на Економскиот факултет при УКИМ – Скопје. Истата година е избран како доцент од областа на сметководството на Економски факултет при Универзитет Гоце Делчев – Штип. Неговите истражувања се насочени на актуелни проблеми од сферата на сметководството и ревизијата. Костадиновски има објавено три учебника. Во исто време самостојно или во коавторство има изработено повеќе меѓународно научно истражувачки трудови. Во 2016 година е избран за вонреден професор на Институтот за бизнис економија и Факултетот за бизнис економија,  каде редовно ги реализира предметите “Основи на сметководство“, “Менаџерско сметководство 1“, “Менаџерско сметководство 2“, “Ревизија“.

 


3. Доценти/Научни соработници

  • доц.д-р Анета Васиљевиќ-Шикалескаsikaleska2

Докторирала во областа на инженерски науки на Универзитетот “Св.Кирил и Методиј” во Скопје. Наставната дејност ја остварува како предавач по предметите Математика и Статистика, Алатки и техники за управување со животна средина и Индустриска екологија на Факултетот за бизнис економија, а во текот на последипломските студии била ангажирана како демонстратор на технолошко-металуршкиот факултет. Од 2013 година ангажирана е како доцент/соработник-истражувач на Институт за бизнис економија. Во рамките на научно-истражувачката работа има активно учество како истражувач и координатор во повеќе научно-истражувачки и развојни проекти, остварува бројни престои на универзитети и истражувачки институции надвор од земјата, како и на работилници и летни школи, а постиганите резултати ги презентира партиципирајќи со повеќе трудови на различни симпозиуми и конгреси. Исто така д-р Васиљевиќ-Шикалеска била рецензент во реномирани странски списанија и има искуство како обучувач и во подготовка и евалуирање на проекти. Нејзините области на интерес се околина и заштита на околина, одржлив развој и нови материјали.


 

  • доц.д-р Биљана Ѓозинскаgjozinska

Докторирала на Правниот факултет „Јустинијан Први“ на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“, 2012 година во областа на Меѓународното право. Има повеќегодишно работно искуство во високообразовната дејност и во областа на правосудството. На Факултетот за бизнис економија изведува настава по предметот Деловно право, вклучена е во наставниот процес на предметот ИБП и ги извршува обврските на Секретар на Факултетот. Учествувала на повеќе семинари, обуки, школи и конференции од областа на правото.


 

  • доц.д-р Гоце ТрајковскиSlika_Goce

Докторирал во 2008 година на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Има долгогодишно работно искуство во сферата на банкарството и супервизијата, а посебно во областа на спречување на перење пари. Учествувал на повеќе домашни и меѓународни конференции кои третираат банкарска проблематика. Има објавено две книги од областа на банкарството, меѓународната трговија и борбата против перење пари. Од 2013 година е ангажиран како доцент на Институтот за Бизнис економија.

  • доц. д-р Илија АндовскиAndonovski

Докторирал во 2013 година на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје на тема ПРИМЕНАТА НА БАЗЕЛ III ВО БАНКАРСКОТО РАБОТЕЊЕ СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА ВОСПОСТАВЕНИТЕ МЕХАНИЗМИ ЗА ЗАШТИТА ОД ФИНАНСИСКИ КРИЗИ”. Има долгогодишно работно искуство во супервизија на банки и управување со ризици во банкарско работење. Има објавено над 15 научни трудови во земјата и во странство на теми поврзани со банкарското работење. Од 2015 година е ангажиран како надворешен соработник на Институтот за Бизнис економија.