Студентска мобилност за студии

Како дел од Erasmus + програмата студентите на Институтот за бизнис економија имаат можност за студирање во рок од еден семестар на странска високообразовна институција. За аплицирање за студентска мобилност, сите заинтересирани кандидати треба да се обратат до м-р Елена Ивановска, Erasmus+ координатор за Институтот за бизнис економија

Документи потребни за аплицирање на студентска мобилност

  1. Апликација
  2. Мотивациско писмо
  3. Транскрипт на оценки (од прв или од втор циклус)

Крајниот рок за аплицирање за студентска мобилност за зимскиот семестар е 1-ви мај, додека за летниот семестар е 4-ти декември.