Како дел од Erasmus + програмата студентите на Институтот за бизнис економија имаат можност за пракса (стажирање) во компанија или организција лоцирана во некоја од Програмските земји, во период од 2 до 12 месеци. Студентите можат да обавуваат ваков тип на мобилност во:
- други високообразовни установи кои ја имаат потпишано Еразмус+ Повелбата
- приватни компании
- јавни институции и тела
- истражувачки институции
- непрофитни или граѓански организации, фондации и здруженија на граѓани и сл.
- стопански комори, трговски асоцијации и здруженија или други општествени партнери.
Предуслов при избор е работното место да е поврзано со полето на студии на кандидатот. За аплицирање за студентска мобилност за пракса, сите заинтересирани кандидати треба да се обратат до м-р Љупчо Вангелски, Erasmus + координатор за Институтот за бизнис економија